Top Sport

Сонг за Барселона: Знаев дека нема да играм, но знаев дека сум милионер

Алекс Сонг признава дека си заминал од Арсенал во Барселона само за да добие повеќе пари и дека воопшто не му било грижа што не добива повеќе време во првиот тим.

По над 200 настапи за „топчиите“, Сонг потпиша за Барса во 2012 година, поминувајќи само една сезона во која одигра 20 меча и ја освои титулата од Ла лига, единствен голем трофеј во неговата кариера.

Сега, осум години подоцна, Камерунецот е искрен и вели дека знаел дека нема да игра, но дека парите биле клучни, иако во Арсенал заработувал 15.000 фунти неделно.

„Во целото време во Арсенал не можев да зачувам 100.000 фунти, а луѓето мислеа дека сум милионер. Кога Барса ми понудија договор и ја видов платата, не размислував повеќе. Сметав дека мојата сопруга и моите деца заслужуваат удобен живот по крајот на кариерата. Се сретнав со нивниот спортски директор и тој ми кажа дека нема да играм многу, но воопшто не ми беше грижа, знаев дека ќе бидам милионер. Секогаш велев дека 20-годишник кој вози Ферари е сиромашен, бидејќи на таа возраст не остварил ништо. Но, човек на 50 години кој вози Бентли треба да биде почитуван“, вели Сонг.

Scroll to Top