Top Sport

Оставете го Халанд на мир! Тој сепак не е робот (видео)

Во текот на викендот на Интернет стана вирално краткото и отсечно интервју кое тинејџерската ѕвезда Ерлинг Халанд го даде по 4:0 победата на неговите Борусија Дортмунд над Шалке, по што многумина го споредија со „робот“.

Сепак, вистината е малку поинаква, и видеото во кое се покажува целото интервју кое тој го даде, покажува дека тој не одговори само со осум збора на четирите прашања, туку искористи (малку) повеќе зборови.

Кога беше запрашан дали бил изненаден колку бргу неговиот тим почнал да игра сосема уиграно, тој одговори: „Не, не сум, бидејќи знам дека многу момци од тимот кои работеа напорно“.

За својата форма тој објасни: „Не сум во истата форма како претходно, бидејќи немам играно мечеви, веќе седум недели. Но, работев напорно и не сум изненаден што дадов гол“.

Иако е очигледно дека тој не ужива во разговорите по мечевите, сепак, не е ниту „робот“ туку дава јасни одговори.

Затоа, можеби е време да се остави тинејџерот малку на мир.

Ерлинг Халанд, очигледно, не е човек за интервјуа (видео)

Scroll to Top