Иларија Д’Амико, сопругата на легендарниот голман на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, има совет за семејството на соиграчот на нејзиниот сопруг, Кристијано Роналдо, откако сестрата на ЦР7, Елма Авеиро го критикуваше тренерот Маурицио Сари по болниот пораз во финалето на Копа Италија.
Д’Амико, која е со Буфон од 2014 година, вели дека е погрешно да се даваат такви пораки преку социјалните мрежи.
„Јас сум од старата школа. Членовите на семејството и сопругите не треба да коментираат фудбал преку социјалните мрежи бидејќи тоа не секогаш е продуктивно. Да бев фудбалер, ќе сакав моето да го кажам, но не би сакала Џиџи или мојата мајка да пишува постови на Инстаграм за тоа. Не сме коментатори“, вели Д’Амико.
По 4:2 поразот на пенали од Наполи, сестрата на Роналдо, Елма се зачуди „како можеле да играат така“.
Лука Тони: Роналдо заборавил да дрибла, сестрата Елма го обвинува Сари!