Top Sport

Рубљев пак убедлив, ќе игра финале со Ѓоковиќ

Русинот Андреј Рубљев ја забележа и својата трета победа на „Адрија турнејата“ во Задар, Хрватска откако со 4:2/4:1 издоминира против Александер Зверев за да се пласира во финалето на егзибицискиот турнир против основачот Новак Ѓоковиќ.

Рубљев претходно ги совлада Марин Чилиќ и Данило Петровиќ за со совршени 3-0 да се спротистави на светскиот рекет број 1, Ѓоковиќ во 20 часот, иако Србинот прво ќе треба да го доигра последниот меч од својата група против хрватскиот светски број 300., Нино Сердарушиќ.

Турнирот во Задар е втор на турнејата на Ѓоковиќ, откако на првиот турнир во Белград, триумфираше Доминик Тим по победата над Филип Крајиновиќ. По ова ќе следат два турнири во Босна и Херцеговина, во Сараево и во Бања Лука.

Scroll to Top