Ана Маријана Касемиро, сопругата на ѕвездата на Манчестер јунајтед, Касемиро ги отфрли вестите на бразилските таблоиди дека тој си заминал од Реал Мадрид откако имал афера со манекенката Синтја Рамос додека играл за „кралевите“.
Касемиро и Ана се заедно од 2011 година, кога 31-годишниот Касемиро уште играше за Сао Пауло во Бразил. Според веста која бразилскиот сајт „Лео Дијаш“ ја објави во текот на викендот, Касемиро имал афера во траење од пет години, која неговата сопруга ја открила читајќи ги неговите разговори со манекенката. Ана Маријана ги демантира овие вести.
„Ох, човеку, навистина? Најдобро е прво да ги испитате вашите извори, и да ги погледнете деталите и ќе дознаете дека тоа не е тој“, напиша Ана Маријана на Инстаграм.