Top Sport

Сопругата на Михајловиќ утрово испрати трогателна порака

Српскиот фудбалски ас Синиша Михајловиќ ја загуби битката со леукемијата на 53 години. Оваа вест го потресе светот, а секако најтешко му е на најблиското семејство кое го загуби својот сопруг и татко.

Сопругата Аријана по тешката ноќ упати трогателна порака на Инстаграм.

„Кога нема да бидеш дел од мене, ќе исечам многу ѕвездички од сеќавањето, тогаш небото ќе биде толку убаво што цел свет ќе се вљуби во ноќта“ напиша Аријана на Инстаграм.

Scroll to Top