Top Sport

Сопругата открива: Де Роси мора да одлучи што ќе биде кога ќе порасне

Сопругата на Даниеле де Роси, Сара Фелбербаум признава дека капитенот на Рома е пред крајот на својата кариера, но вели дека тој никогаш не е „нерасположен“ поради овој факт.

Де Роси оваа година ќе наполни 36 години, а договорот со Рома му завршува на карјот на сезоната, така што Фелбербаум беше запрашана што понатаму.

„Никогаш не сум го видела Даниеле во лошо расположение. Наскоро ќе мора да ја направи најтешката одлука во животот – што да биде кога ќе порасне. Тој е фудбалер целиот живот, секој ден, секоја недела, но исто така е и еден од најмудрите луѓе кои ги познавам. Никогаш не ја носи својата работа дома. Поминал низ многу, во кариерата и во приватниот живот. Сега, кога крајот на кариерата е пред него, воопшто не го губи расположението. Му оставам целосна слобода да одлучи што сака да прави“, вели Фелбербаум во интервју за „Венити фер“.

Scroll to Top