Top Sport

Сопственикот на Челси дојде во Барселона да го купи Френки де Јонг

Англискиот премиерлигаш Челси сериозно се вклучи во трката за играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, пренесуваат англиските медиуми. Барселона е во финансиски проблеми и е подготвена да го продаде 24-годишниот играч за врска ова лето доколку пристигне понуда од 80 милиони евра.

Како фаворит за неговиот потпис важеше Манчестер Јунајтед, бидејќи Де Јонг е најголема желба на Тен Хаг. „Црвените ѓаволи“ преговараат веќе подолго време, но никако не успеваат да најдат заеднички јазик.

Новиот сопственик на Челси, Тод Боели, пристигна во Барселона на директни преговори со Лапорта за трансферот на Френки де Јонг. Дел од темите на состанокот ќе бидат и Цезар Аспиликуета и Маркос Алонсо кои сакаат од Челси да се преселат во Барселона.

Scroll to Top