Top Sport

Сорентино му „врати“ на Роналдо за скршената глава, но Јуве победи (видео)

Јувентус стигна до рутинска 3:0 победа над Киево во својот прв меч во 2019 година, за да покаже дека зимската пауза не влијаела на формата на доминантниот тим во Италија во последната деценија.

Даглас Кошта го отвори резултатот во 13. минута, а до финишот на полувремето беше решен победникот откако Емре Џан во 45. минута зголеми на 2:0.

Кристијано Роналдо имаше шанса да се запише во листата на стрелци на стартот на второто полувреме кога во 52. минута беше досуден пенал за играње со рака, меѓутоа ветеранот на голот на клубот од Верона, 40-годишниот Стефано Сорентино ја фати „жива“ топката на Португалецот.

Сорентино излезе на насловните страници на италијанските медиуми, откако во првиот меч на Роналдо за Јуве во август, кога по еден остар дуел со Португалецот заврши во болница. Јуве тој натпревар го доби со гол во 93. минута.

Конечните 3:0 ги постави Даниеле Ругани во 83. минута од мечот.

Фото: ЕПА

Сорентино ќе го памети дебито на ЦР7 откако заврши во болница

Scroll to Top