Top Sport

Соријано сам ја „уништи“ Парма

Болоња стигна до 4:1 победа над Парма за прв триумф во новата сезона во Серија А, благодарение на Роберто Соријано, кој постигна два гола и асистираше на третиот.

Соријано го отвори резултатот во 16-тата минута кога „налета“ со глава на топката по еден корнер, за во 30-тата минута сам да ја совлада цела збунеата одбрана на гостите за да постигне фантастичен гол.

Во 56. минута тој му асистираше на Андреас Сков Олсен за 3:0, пред гостите да постигнат утешитРоелен гол во 67. минута преку Ернани, а Родриго Паласио во 91. минута ги постави конечните 4:1. Ова е втор пораз во две кола за Парма.

Scroll to Top