Реал Сосиедад стигна до 3:1 победа на гости кај Атлетик Билбао во баскиското дерби во Ла лига, одбележано со два пенали за гостите и оставајќи го славниот Атлетик на 16. место на табелата со само една победа по седум кола.
Микел Ојарзабал го отвори дербито во 26. минута со гол од пенал за гостите, но „Сан Мамес“ скокна кога Икер Муниаин само четири минути израмни на 1:1. Сепак, второто полувреме беше „кобно“ за домаќините – прво Сангали во 47. минута ги донесе во водство Сосиедад, пред Ојарзабал повторно да биде прецизен од белата точка во 74. минута.
Фото: ЕПА