Реал Сосиедад денеска го претстави своето ново засилување, Давид Силва од Манчестер сити, за неколку часа подоцна да потврди дека шпанскиот ветеран имал позитивен тест на корона вирус.
34-годишниот Силва, кој во десет години со Сити освои четири титули од Премиер лигата и два ФА купа, потпиша двегодишен договор со баскискиот клуб и на денешната презентација најави борба со големите шпански клубови за титули. Сосиедад беа шести во 2019/20, откако победија само двапати во последните 11 меча од сезоната.
„Имам навистина големи очекувања од фудбалот кој ќе го играме тука и нема причина да не мислиме дека можеме да се бориме за титули. Со моето искуство ќе им помогнам на младите фудбалери бидејќи имав среќа да освојувам многу и да ја заддржам конкурентноста“, изјави Силва, кој претходно во својата кариера играше и во Валенсија, Еибар и Селта Виго.
Неколку часа по презентацијата на „Аноета“ клубот потврди дека тој бил позитивен на КОВИД-19 и дека немал симптоми, но и дека не бил во контакт со своите соиграчи.
ℹ COMUNICADO OFICIAL | Resultado prueba PCR.#AurreraReala https://t.co/zQ6nKk0WMf
— Real Sociedad Fútbol (@RealSociedad) August 31, 2020
? RT si a ti también te encanta @21LVA ?#OngiEtorriDavid #AurreraReala pic.twitter.com/dN3R0bA9Fo
— Real Sociedad Fútbol (@RealSociedad) August 31, 2020