Top Sport

„За еден месец заработувам колку што Обрадовиќ заработи за еден ден“

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Аргентина Серхио Ернандес за домашните медиуми зборувал за својата кариера. Ернандес во два мандати ги предводел „гаучосите“ од 2005 до 2010 и од 2015 до денес.

Поранешниот тренер на Бока, Естудијантес и Пењарол во кариерата освоил голем број на трофеи, шест пати бил првак на Аргентина, додека со репрезентацијата освоил бронза на Олимписките игри во Пекинг и сребро на Светското првенство во Кина.

„Во кариерата единствено не успеав да заработам многу пари. Не би можел да купам стан на главната улица во Буенос Аирес. Живеам во 70 квадрати. не се жалам, ова морам да го кажам бидејќи некои луѓе имаат поинакво мислење“, рекол 56 годишниот тренер.

„Јас за еден месец заработувам колку што Жељко Обрадовиќ заработи за еден ден. Бев во домот на Серџио Скариоло, ситуацијата е поинаква. Учесник сум на три светски првенства, имам освоено 21 титула. Не сум луд да одам во Европа и таму да бидам тренер. Моето место е во Аргентина“, рекол Ернандес.

Scroll to Top