Top Sport

Сосиедад се жалат дека Манчестер јунајтед добиле нефер предност

Директорот за фудбал на Реал Сосиедад, Роберто Олабе ги нападна УЕФА откако беше потврдена одлуката нивниот домашен меч во Лига Европа да се пресели во Торино поради ограничувањата на патувањата од Велика Британија, бидејќи реваншот ќе се игра на „Олд Трафорд“.

Двата тима прво требаа да се сретнат на „Аноета“ во Сан Себастијан, следниот четврток, но поради појавувањето на новиот сој на корона вирусот во Велика Британија, Шпанија и Германија не дозволуваат пристигнување од оваа земја. УЕФА затоа реши дека првиот меч ќе се игра на „Алијанц стадионот“ на Јувентус.

„Би сакал и реваншот да е на неутрален терен или УЕФА да обезбеди еден меч како минатата година. Навистина е нефер што ние како домашен тим играме на неутрален терен, а како гостин ќе одиме таму. Но, такви се работите со УЕФА. Сепак, мислам дека можеме да ги елиминираме, иако имаат еден од најсилните тимови на светот“, изјави Олабе.

Scroll to Top