Top Sport

Сосиедад со победа на дождот во Виго до првото место во Ла лига

Реал Сосиедад стигна до 2:0 победа на гости кај Селта Виго во меч на кој на „Балаидос“ едвај да имаше можност за вистински фудбал поради силниот дожд, за баскискиот тим да стане единствен лидер во шпанската Ла лига по 11 кола.

Шведската ѕвезда, Александер Исак со убав гол во 55. минута ги донесе гостите во водство, пред победата да ја потврди Ариц Елустондо во 80. минута од мечот.

Сосиедад има 24 поени на врвот на табелата пред Реал Мадрид, Севилја и Реал Бетис со 21 поен, иако Мадрид и Севилја имаат и меч помалку. Селта е на 14. место со 10 освоени поени.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top