Top Sport

Сосиседад му одговори на Арсенал – Зубименди вреди 60 милиони евра

Лидерот во Премиер лигата, Арсенал, до крајот на преодниот рок, ќе се обиде да го засили тимот со играч од редот за врска. Арсенал ќе се активира на трансфер пазарот поради повредата на Ел Нени. Египѓанецот поради повреда ја заврши сезоната. И покрај тоа што малку натпревари започна во стартниот тим, Ел Нени, беше важен играч во ротацијата кај Микел Артета.

Челницие на Арсенал ги контактирале колегите од Реал Сосиедад во врска со Мартин Зубименди, играч кој е по вкусот на тренерот на Барселона, Чави.

Во Сан Себастијан не се противат на трансферот под услов Арсенал да ја активира откупната клаузула на 23. годишниот фудбалер. Зубименди може да го напушти клубот за 60 милиони евра.

Арсенал во актуелниот преоден рок потроши 49 милиони евра на трансферите на Леандро Тросар од Брајтон и Јакуб Кивиор од Специја.

Scroll to Top