Top Sport

Моерман се пресели во Зенит

Францускиот кошаркар Адриен Моерман кариерата ќе ја продолжи во Зенит, потврди клубот од Санкт Петербург.

Двократниот освојувач на Евролигата со Анадолу Ефес, потпиша договор до крајот на сезоната. Во Зенит Моерман ќе игра со својот поранешен соиграч од репрезентацијата Томас Ертел.

Она што е интересно е дека од почетокот на конфликтот во Украина, Кошаркарската федерација на Франција им забрани на своите играчи да потпишуваат за руските клубови по цена да го загубат местото во националниот тим.

Сепак, се чини дека забраната не влијае премногу на постарите играчи, кои сакаат да ги добијат последните големи пари пред да се пензионираат.

Да потсетиме, Моерман неодамна го напушти Монако, а на негово место е доведен Чиму Монеке.

Сезонава одигра 16 натпревари во Евролигата и имаше просек од 2,9 поени и 2,8 скока.

Scroll to Top