Top Sport

Соучек не е навикнат да игра на празници: Обично јадам многу салата со компири

Томаш Соучек призна дека обично за божиќните и новогодишните празници добива тринеделен одмор и јаде многу салата со компири, откако го постигна победничкиот гол против Евертон во петокот.

Чешкиот репрезентативец пристигна во Премиер лигата минатиот јануари и сега првпат имаше шанса да ги „вкуси“ празниците во англискиот фудбал.

„Беше навистина тешко, бидејќи обично имам три недели одмор и многу салата со компири ов Чешка. Но, беше убаво да се игра фудбал на Божиќ, одигравме три тешки меча во шест дена, така што сега е убаво да добиеме малку одмор“, вели Соучек.

Scroll to Top