Еден Азар, фудбалерот на Реал Мадрид кого навивачите подолго време го потсетуваат дека претерува со јадењето и секогаш доаѓа на подготовките со вишок килограми, е ново заштитно лице на фаст-фуд ланецот на ресторани „Мекдоналдс“ во неговата родна Белгија.
Постерот со кој се продаваат „Ред девил бургерите“ го има ликот на Азар со отворена уста со два хамбургери пред него. Јури Тилеманс и Кевин де Брујне исто така се дел од рекламната кампања, но секако најголемо внимание предизвикува токму фотографиите на Азар.
Ова не е првпат Азар да биде поврзуван со фаст-фуд храната. Во февруари, откако шпанскиот портал „Ел Чирингито“ објави дека Азар не тренирал со тимот на Реал Мадрид, од официјалниот Твитер профил на „Бургер кинг“ јасно порачаа: „Понуда 2х1 во Бургер кинг“.
Во 2011 година, кога имаше само 20 години, Азар доби суспензија од два меча откако беше „фатен“ како јаде бургер во тек на меч во кој беше заменет.