Top Sport

СПАЛ на второто место во Серија А (видео)

СПАЛ успеа со 2:0 да ја совлада Аталанта во последниот натпревар од четвртото коло во Серија А со што клубот од Ферара неочекувано успеа да се искачи на второто место во Италија со 9 поени, зад лидерот Јувентус со максимални 12.

Човек на одлука беше Андреа Петања, кој постигна два гола за само шест минути во второто полувреме за победа над разочарувачката Аталанта. Петања прво во 50. минута се најде на вистинското место по слободниот удар надвор од шестнаесетникот на Аталанта, за само шест минути подоцна да постигне убав гол по лошата реакција на одбраната на гостите.

За Аталанта ова е трет натпревар без победа во Серија А, по ветувачкиот старт на европското натпреварување, но и елиминацијата од баражот за пласман во Лига Европа.

Scroll to Top