Top Sport

Спалети: Честитки за Димитиревски, го прочита Жоржињо

Foto/ EPA

Италија синоќа на „Олимпико“, ја победи Македонија со 5:2 во претпоследното квалификациско коло за пласман на ЕУРО 2024. Визата за Германија Италија ќе треба да ја обезбеди во директен дуел со Украина. Во понеделник, на актуелните европски шампиони им е потребен еден бод за да извадат германска виза.

Италија издоминира во првиот дел, поведе со голот на Дармијан во 17.минута, а во самиот финиш Киеза со два гола и донесе на Италија огромна предност, која можеше да биде и поголеме доколу Жоржињо постигнеше гол од пенал во 40.минута.

Бразилецот со италијански пасош не успеа да погоди бидејќи Столе Димитиревски ја прочита неговата намера. Од начинот на кој Димитиревски ја доби ктиката со Жоржињо воодуешвен беше и италијанскиот селектор Лучано Спалети.

Интересно е што Жоржињо ги промаши последните три пенали во дресот на Италија, но Спалети нема да ја исполни желбата на јавноста, со тоа што таа задача ќе му ја довери на некој друг фудбалер.

По натпреварот потврди дека Жоржињо кога е на теренот ќе биде прв избор доколку Италија добие пенал.

Scroll to Top