Top Sport

Ѓоковиќ очекува меч против Синер во финалето на Завршниот Мастерс

Новак Ѓоковиќ во сабота во Торино не пред 21 часот се очекува да се соочи со Карлос Алкараз во полуфиналето на Завршниот Мастерс. Во второто полуфинале не пред 14 часот и 30 минути ќе играат Јаник Синер и Данил Медведев и со право може да се каже дека се најдобрите тенисери во 2023 година.

Такво мислење изрази и Патрик Мекинро, кој на Твитер ги откри своите фаворити за полуфиналето.

„Очигледно ова се четворицата најдобри играчи во 2023 година. Го очекувам финалето меѓу Ѓоковиќ и Синер“, напиша Мекинро.

Патрик Мекинро порано беше добар дубл играч, а подоцна и тренер, а брат му е и на легендарниот Џон Мекинро.

Синер го совлада Новак со 2:1 во групната фаза по драмата во последниот тај-брејк и би имал нова тешка задача во потенцијалното меѓусебно финале.

Scroll to Top