Top Sport

(ВИДЕО) Младите фудбалери ја победија Шведска

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година успешно ги стартуваше новите квалификации. Селекцијата на Драган Канатларовски триумфираше гости против Шведска со 0:1 и покажа дека има квалитет за големи дострели.

Иван Николов беше стрелец на победничкиот гол за Македонија во седмата минута.

По еден продор по десната страна, домашната одбрана згреши, топката од Иван Николов се одби во дирекот, а потоа тој имаше уште една одлична реакција и со удар со глава ја погоди мрежата.

Натпреварот имаше големо судиско продолжение, младите македонски фудбалери издржаа цели 100 минути и на крајот стигнаа до заслужена победа.

Scroll to Top