Top Sport

Спалети: Јас сум виновен за поразот од Емполи

Наполи, вчера, доживеа тежок пораз од Емполи иако имаше два гола предност. Наполитанците до 80.минута водеа со 2:0, Емполи потоа до 88.минута постигнаа три гола и ја обезбедија победата. Прв пат по 1942 година, Наполи загубија натпревар по водство од 2:0.

Поразот во Емполи дефенитивно го исфрли тимот од трката за Скудетото. Тренерот Лучијано Спалети ја презеде одговорноста за поразот.

– Како тренер во целост ја преземам одговорноста за поразот. Јас сум тој што го прави менталитетот на Наполи. Можам само да замислам што навистина ни се случи. Очигледно е тешко за сите, но кога нема вистински интензитет и концентрација… Доволни се неколку грешки, евтино оставени топки“, изјави Спалети.

Медиумите истакнуваат дека атмосферата во клубот е лоша. Напаѓачот Виктор Осимен влезе во вербална расправија со навивачите по завршувањето на натпреварот, а потпретседателот на клубот ј искршил вратата од соблекувалната.

Првиот човек на клубот Аурелио де Лаурентис, решил играчите до крајот на сезоната да бида во карантин во клупскиот тренинг центар.

Наполи сега има дури седум бода помалку од Милан и пет од Интер, со натпревар повеќе.

Scroll to Top