Тренерот на фудбалерите на Интер, Лучано Спалети, ќе остане на функцијата и наредната сезона, потврдил генералниот директор на клубот, Бепе Марота.
Изјавата на Марота доаѓа како одговор на медиумските шпекулации дека по завршувањето на сезоната клубот ќе му врачи отказ на Спалети.
Интер од 2011 година, кога сезоната ја завршија на второто место, не биле подобро пласирани од третата позиција, на која веројатно ќе ја завршат и оваа сезона.
„Дали одбрав тренер за новата сезона? Тоа е Спалети, има договор со клубот. Ние сме задоволни од неговата работа“, рекол Марота.
Инаку, медиумите со Интер ги поврзуваа најчесто Жозе Мурињо и Антонио Конте, но според Марота во клубот решиле Спалети да остане на функцијата.