Top Sport

Спалети ќе се тепаше со фан на Фиорентина

Обезбедувањето на стадионот „Артемио Франки“ во Фиренца, спречи поголем инцидент, во кој беше инволворан тренерот на Наполи Лучиано Спалети и еден навивач на Фиорентина.

По завршувањето на натпреварот, Спалети застана до oградата која се наоѓа позади клупата наод која тој го водеше својот тим и влезе во вербална пресметка со навивачите кои го навредуваа во текот на целиот натпревар.

Спалети беше лут, со показалецот му се закануваѓе на еден од навивачите, а потоа тј се обиде да му удри шамар. Обебзедувањето не дозволи вербалниот инциденет да ескалира.

„Публиката во Фиренца секогаш е безобразна. Возрасни со деца не престануваа да ја навредуваат мојата мајка. Тоа е така секогаш кога гостувам тука. Мојата мајка има 90 години и таа е сѐ што имам“, изјави Спалети.
Наполи по три кола е лидер во Серија А со седум бодови.

Scroll to Top