Top Sport

Спалети: Не покажавме доволно квалитет против Лацио

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети, остана разочаран по поразот од Лацио со 0:1 во Серија А. Ова беше прв домашен пораз за тимот од почетокот на сезоната и ја прекина серијата од девет последователни победи во сите натпреварувања.

Според тренерот Лучијано Спалети, на овој натпревар тимот не го покажал потребниот квалитет.

„Ни недостигаше класа. Многу брзавме при додавањето на топката, не знаевме да го искористиме моментот дека ни оставија повеќе простор по страничните позиции. Немавме трпение и не пробавме со доволно додавања на тие делови од теренот. Во вториот дел се обидовме да бидеме подобри, но повторно не бевме на потребното ниво. Кога Лацио се повлече, имавме шанса да навлеземе во нивната одбрана, но повторно ни недостигаше класа во додавањата“, изјави Спалети.

„Очекував Лацио да игра вака. Беа како карпа во одбраната додека ги носевме најлошите одлуки од почетокот на сезоната. Од добра страна видов глад, решителност и понизност. Немаше ароганција и потценување. Лацио добро се бранеше иако имаше и среќа во одредени моменти од мечот. Бевме наивни при расчистувањето на топката што му ја подаривме на Весино пред да постигне гол. Тој најде мала празнина помеѓу Рахмани и стативата, па морам да честитам за тој удар“, истакна стратегот на Наполи.

Scroll to Top