Top Sport

Спалети: Понекогаш поради преголема љубов мораш да „раскинеш“

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети, нема да го води новиот шампион на Италија следната сезона бидејќи побарал една година одмор, изјави сопственикот на клубот.

Спалети го предводеше Наполи до нивната прва титула во Италија по 1990 година.

Тој се обиде да го објасни неговиот став за заминувањето.

„Понекогаш поради преголема љубов мораш да „раскинеш“. Нема да останам, си одам. Нема шанси да се предомислам. Им кажав на луѓето во клубот дека ми треба една година одмор. Нема да работам во ниту еден клуб. Ќе одморам една година“, изјави Лучијано Спалети.

Scroll to Top