Top Sport

Рики Рубио најави враќање во Европа

Годините летаат, па веројатно на многумина им е тешко да замислат дека Рики Рубио, некогаш најмладиот кошаркар на Eвропските првенства, веќе 12 години е во НБА лигата.
Сепак, кошаркарот на Кливленд гостувајќи во подкастот „Ла Сотана“ најави дека на тоа наскоро би можело да му дојде крај.

„Почнувам да размислувам за моето враќање. Сакам да сум поблиску до дома, до Барселона. Имам уште две години од договорот, можеби една“, изјави шпанскиот плејмејкер.

Рубио имаше просек од 5,2 поени, 3,5 асистенции и 2,1 скока на 33 натпревари оваа сезона во НБА, играјќи за Кливленд Кавалирс.

Професионалната кариера ја започна на многу млад во Хувентуд за кој настапуваше од 2005 до 2009 година, а потоа две години играше за Барселона.

За шпанската репрезентација дебитираше во 2007 година на Евробаскет кога имаше само 17 години.

 

Scroll to Top