Top Sport

Спалети: Прекрасно е да си тренер на Наполи, понекогаш од клупата си клучен за тимот

Тренерот на Наполи, Лучано Спалети вели дека се чувствув „прекрасно“ да биде тренер на Наполи по 3:2 победата над Болоња и индиректно му одговори на македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, кој беше исфрустриран од малата минутажа оваа сезона. Елмас влезе во игра како замена, но клучна беше втората замена, кога Нигериецот Виктор Осимен влезе во игра и ги постигна победничкиот гол.

Ова е неверојатна 10. победа во низа во сите натпреварувања за Наполи, но до неа се стигна екстремно тешко.

„Најважно беше да ја смениме инерцијата во нашата игра. Секогаш пристапуваме на ист начин, се обидуваме да ја внесеме топката во пеналтикот, да ја бркаме секоја топка и во вакви мечеви има ризик да се опуштиме. Но, се вративме по грешките и веднаш ја враќавме топката. Тоа ме направи да се чувстувам прекрасно како тренер на овие момци. Уште еднаш ќе повторам, играчите кои влегоа во игра беа клучи на крајот, така што така можат да бидат позначајни отколку да се стартери. Сите се вклучени во овој тим“, изјави Спалети за „ДАЗН“.

Scroll to Top