Top Sport

ЛШ: Пик Сегед се израмни со Вардар, Монпелје го „здроби“ Кил

Пик Сегед стигна до релативно лесна 28:25 победа на гости кај Мешков Брест за да се израмни со пет поени на врвот на табелата во групата А во ЕХФ Лигата на шампиони, заедно со Вардар, додека во дербито на вечерта, Монпелје им го нанесе првиот пораз на Кил со 37:30.

Сегед ја презеде контролата на мечот во финишот на првото полувреме, по што го заддржаа овој ритам до крајот на мечот за нова победа.

Во Букурешт пак, Динамо не успеа да извлече реми против Порто, откако го имаа последниот напад, за на крајот да загубат со 26:27, и да му дозволат на португалскиот шампион предводен од Никола Митревски да се израмнат со топ 4 клубовите во групата, Веспрем, Кјелце и Барселона.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 3.КОЛО

ГРУПА А

Динамо Букурешт – Порто 26:27 (14:15)

Монпелје – Кил 37:30 (18:14)

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА Б

Мешков Брест – Пик Сегед 25:28 (12:16)

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top