Top Sport

Спалети се скарал со Рафел Леао, реагирал и Малдини

Наполи синоќа доживеа дебакл од актуелниот шампион Милан. На „диего Марадона“, Милан победи со 4:0.

Најдобар играч на теренот беше Рафаел Леао, кој постигна два гола во победата на актуелниот над идниот шампион.

Тренерот на тимот од Неапол, Лучијано Спалети, по завршувањето на натпреварот имал вербална расправија со Португалецот во тунелот. Спалети бил лут поради начинот на кој Португалецот ги славел головите. Леао ги исмеваше навивачите. Ниту неговиот тренер Стефано Пиоли не го оправда ваквото однесување.

Конфликтот меѓу Сплети и Леао го прокоментира поранешниот фудбалер на Милан и клупски функционер Паоло Малдини,

„Мистер, премногу се вознемирувате“. Веќе го освоивте Скудетото… што по ѓаволите повеќе сакате?“, му рече Малдини на Спалети.

А еве како изгледаше сето тоа.

 

Scroll to Top