Екипата на Севилја, на неутрален терен во Дуисбург, Германија славеше победа со 2-0 против Рома и на тој начин обезбеди пласман во четвртфиналето на Лига Европа. Андалузијците кои последните години се редовни учесници во самата завршница на второто по квалитет фудбалско натпреварување во Европа работата ја завршија уште во првиот дел.
Во 22 минута, Регуилон по асистенцијата на Банега погоди за 1-0, а Ен Несири во 44 минута најдобро се снајде пред голот на „волчицата“ откако целата работа претходно ја заврши Окампос.
Во второто полувреме немаше погодоци, а единствено што видовме се поништен гол за Севилја, поради офсајд и црвен картон за играчот на Рома, Мансини во самиот финиш поради удирање со лакт на противнички фудбалер.
Баер Леверкузен со само еден гол ја заврши работата започната уште пред пандемијата на коронавирусот. „Фармацевтите“ на домашен терен славеа со 1-0 со голот на Диаби во 51 минута на мечот со Глазгов Ренџерс. Тоа им беше доволно за влез меѓу осумте најдобри затоа што славеа со 3-1 нагости, во Шкотска во првиот дуел.
За влез во полуфиналето Баер ќе треба да го прескокне фаворитот Интер.