Top Sport

„Специјалниот“ е насмеан бидејќи поминале 40 дена без интервју!

Жозе Мурињо секогаш знае да изненади и интересно да ја пренесе ситуацијата до медиумите и навивачите и тоа беше случај со неговиот последен пост на Инстаграм на кој вели дека е насмеан бидејќи имал рекордни 40 дена без да даде интервју.

Поранешниот тренер на Челси, Интер, Реал Мадрид, Манчестер јунајтед и Тотенхем ја презеде Рома ова лето од Пауло Фонсека и очигледно уживал во предсезоната.

„Насмеан сум бидејќи имав рекорд од 40 дена без интервјуа. Фантастично време во кое се фокусирав само на работа и ги заборавив моите пријатели меѓу новинарите. Денеска беше денот, кога ова заврши и имав интервју за официјалниот веб-сајт на Рома и ќе може да го погледнете утре. Ништо многу интересно, да бидам искрен. Го сакам печатот, многу ми недостасуваа“, напиша Мурињо.

Сезоната во Серија А почнува овој викенд, така што ќе биде интересно да се види дали ќе остане насмевката.

Scroll to Top