Top Sport

Спектакл со седум гола во Лондон

Фудбалерите на Кристал Палас го победија Вест Хем со резултат 4:3, во првиот натпревар од 34. коло на Премиер лигата.

Вистински спектакл беше виден на малото лондонско дерби, а во првите 35 минути беа постигнати дури пет гола.

Палас продолжи да блеска под водство на Рој Хоџсон и сега се искачи на 11. позиција, која ја држи со 40 поени.

Ова е втор последователен пораз за „чеканите“ и моментно се 15. на табелата со 34 бодови.

Гостите поведоа преку Соучек во деветтата минута, но во следните 20 минути примија три гола.

Погодија Ају во 15. минута, Заха во 20. и Шлуп во 30. минута.

До одморот Антонио во 35. минута го намали резултатот и му ја врати надежта на Вест Хем.

Во 66. минута Езе од пенал повторно го зголеми водството на домашните, а конечниот резултат го постави Агерд во 72. минута.

Scroll to Top