Top Sport

Спектакл во најава на „Паркот на Принцовите“

Вечерва ќе бидат познати првите полу-финалисти во Лигата на шампионите. На програмата се реванш натпреварите ПСЖ-Баерн и Челси-Порто.

Фудбалскиот свет внимателно ќе го следи реваншот, во Париз, во кој ПСЖ влегува со предност од 3:2. Натпреварот во Минхен, го обележаа Мбапе со два гола, Нејмар со две асистенции и Навас со десет одбрани.

Баерн и на овој натпревар ќе биде без најдобриот во светот, Роберт Левандовски. Полјакот се врати на тренинзите, меѓутоа Ханси Флик тимот ќе го составува без него. нејасно е дали ќе ги игра Серж Гнабри, кој пред првиот меч доби позитивен тест на вирусот Ковид-19.

Проблем со ростерот има и Маурисио Покетино. На „светците“, најмногу ќе им недостига капитенот Маркињос, кој се повреди во Минхен. Исто така поради повреда дуелот ќе го пропуштат Мауро Икарди и Хуан Бернат.

Незивесен е настапот на Кејлро Навас, кој се повреди во саботата против Старзбур.

Добра вест за Покетино е што може да смета на Марко Верати и Алесандро Флоренци.

Победникот од двомечот ПСЖ-Баерн, во полу-финалето ќе игра против Манчестер сити или Борусија Дортмунд.

Во сенка на дуелот во Париз, ќе мине дуелот помеѓу Челси и Порто. Англискиот и португалскиот тим и реваншот ќе го играат во Севилја. Пред една недела, Челси на „Рамон Санчез Писхуан“, победија со 2:0.

Победникот од ова четврт-финале, во полу-финалето ќе игра против Реал или Ливерпул.

4Anime animes online: Watch Hige wo Soru. Soshite Joshikousei wo Hirou. Episode 2 (https://4anime.biz/m/xax7/ep-2)

WCOStream wcostream hunter x hunter: Watch How Not to Summon a Demon Lord Ω Episode 1

Scroll to Top