Top Sport

Спектакуларен гол на Руиз, нова победа за Наполи (видео)

Наполи го продолжува мини-препородот под Џенаро Гатузо, откако во првиот меч од 25. коло во Серија А успеа да се врати за 2:1 победа на гости кај Бреша за да се искачи на шестото место на табелата.

Иако имаа целосна доминација во првото полувреме, Наполи заостануваа со еден гол, откако во првата шанса за Бреша, Џон Ченселор успеа да го совлада Оспина во 26. минута од мечот.

Сепак, во второто полувреме, веќе во 49. минута, гостите израмнија со гол од пенал на Лоренцо Инсиње, пред само пет минути подоцна, Фабијан Руиз да постигне спектакуларен гол од далеку за победа.

Наполи се на шестото место со 36 поени, а веднаш по нив следат три тима со 35 (Верона, Парма, Милан), кои своите мечеви ги играат викендов. Бреша се на претпоследното место со 16 поени, дури седум од безбедната зона.

Scroll to Top