Top Sport

Спектакуларен гол со ножички на Рафаел Сантос Боре

Репрезентацијата на Колумбија денеска во пријателски натпревар ја совлада Јапонија со 2:1. Натпреварот во Осака го одбележа спектакуларниот гол на Рафаел Боре.

Јапонија фантастично го отвори натпреварот и во третата минута успеа да поведе со 1:0. Асистент беше Морита, а стрелец на голот Митома.

Сепак, до крајот на натпреварот Колумбијците направија пресврт и победија.

Колумбија израмни во 33. минута. Мачадо го проигра Дуран, кој без проблем успеа да го совлада јапонскиот голман и да го израмни резултатот на 1:1.

Колумбија беше нешто подобра во преостанатиот дел од натпреварот, а во средината на вториот дел гостите остварија целосен пресврт.

Во 61. минута, напаѓачот на Ајнтрахт, Рафаел Сантос Боре, постигна спектакуларен гол со ножички.

 

Scroll to Top