Голманот на Гвадалахара, Хосе Антонио Родригес, постигна гол што го обиколи светот. Дефинитовно ова е гол на неделата.
Голманот кој е познат како Тоњо успеа да погоди од гол на гол, на натпреварот против Веракруз.
При резултат 2:1за Гвадалахара, во судиското надополнување на времето во напад тргна и колегата на Тоњо од спротивната страна.
Кога Тоњо ја фатил топката забележал дека голот е празен се обидел да погоди и успеал.
Инаку овој 27 годишен голман е освојувач на златен олимписки медал од Игрите во Лондон во 2012 година.