Бразилецот Марсело (34) стана слободен играч откако спогодбено се раздели со Олимпијакос. Легендарниот лев бек заминува по само пет месеци минати во клубот, за кои забележа 10 настапи и постигна три гола.
Марсело пристигна во Олимпијакос во септември, а Грците тогаш го претставија како „вистинска фудбалска легенда“.
Бразилецот и играч кој освоил најмногу трофеи во историјата на славниот Реал Мадрид. Во периодот од 2007 до 2022 година, Марселона со Реал освои 25 трофеи.
Претходно, Олимпијакос спогодбено се раздели и со десниот бек Шиме Врсаљко.