Гранада вчера прими шест гола од Атлетико Мадрид, во третото коло во Ла Лига (6:1), а по мечот во клубот биле шокирани од потегот на клупскиот спонзор.
„Зоната на движење на Жоао Феликс“, напишале на Твитер од спонзорот приложувајќи контроверзна фотографија која го покажува движењето на португалскиот фудбалер.
Графиката е во облик на машкиот полов орган насочен кон шеснаесетникот на Гранада. Феликс против Гранада постигна гол и имаше една асистенција.
Гранада порача дека нема никаква врска со објавата и дека „твитот“ е понижувачки за клубот и навивачите. Објавата бла избришана, меѓутоа во клубот размислуваат да го тужат главниот спонзор.
Granada to take action against their betting sponsor Winamax after offensive tweet during defeat away to https://t.co/W2B1JCgQPK#AtletiGranada https://t.co/OgRWf6afb3 pic.twitter.com/1caQSozOAM
— Paul Reidy (@paulreidy67) September 27, 2020