Компанијата за анализа на податоци и за специјализирани спортски прогнози „Грејснот“ не дава голема шанса Македонија да успее да стигне до Светското првенство во Катар во 2022 година, проценувајќи дека имаме само 5 отсто шанси да ја освоиме групата, и 19 отсто да стигнеме во баражот.
По двете ремија во низа, 0:0 дома со Ерменија и драматичните 2:2 со Исланд и по пет одиграни мечеви, Македонија се наоѓа на четвртото место во групата Ј со осум поени, еден зад третопласираните Романија (нашиот следе противник), два зад второпласираната Ерменија и четири поени пред апсолутниот фаворит Германија.
До крајот на квалификациите ни следуваат мечевите дома со Романија (8 септември), Германија (11 октомври) и Исланд (14 ноември), како и гостувањата кај Лихтенштајн (8 октомври) и Ерменија (11 ноември).
На првенството во Катар ќе патуваат победниците на групите, додека второпласираните 10 репрезентации, заедно со најдобрите две репрезентации од Лигата на нации ќе играат две рунди плејоф по еден меч (полуфинале и финале).
?? – Want to know how your team is doing in UEFA qualification for the 2022 World Cup?
All our forecasts of the chances of finishing as group winners, reaching the play-offs and qualifying for the World Cup can be found in the attached tables.#WCQ2022 #WCQualifiers pic.twitter.com/PgAzMyPaf8
— Gracenote Live (@GracenoteLive) September 6, 2021
Фото: ФФМ