Top Sport

Спортиело се опоравил од коронавирусот

Голманот на Аталанта Марко Спортиело се излечил од коронавирусот. Дека е заразен со коронавирусот на Спортиело му беше откриено на 20 март.

Повеќе од еден месец неговите тестови беа позитивни на вирусот. Последните тестирања, слично како и кај играчот на Јуветус Паоло Дибала покажале дека тој повеќе не е заразен.

„Аталанта известува дека тесто на Марко Спортиело е негативен. Му беа извршени две тестирања во последните 48 часа“, објави клубот на интернет страницата.

Бергамо се наоѓа во регионот кој е најсериозно погоден од короневирусот.

Scroll to Top