Top Sport

Џошуа и Пулев ќе се борат Пула?

Мечот помеѓу Ентони Џошуа и Кубрат Пулев би можел да се одржи во Хрватска. Поради коронавурусот нивниот меч закажан за наредниот месец на стадионот на Тотенхем во лондон е одложен.

Борбата би можела да се одржи во Велика Британија, во јули, но без публика. Двајцата боксери се изјасниле дека не сакаат борбата да биде одржана пред празни трибини.

Од тимот на Пулев предложиле интересна дестинација каде би можел да се одржи мечот. Менаџерот на бугарскиот боксер Ивајло Гоцев ја предложил Пула како место каде би се одржала борбата.

За оваа локација од тимот на Пулев рекле дека ќе преговараат со претставниците на светскиот шампион.

Борбата најверојатно ќе се одржи во септември.

Scroll to Top