Голманот на Аталанта, Марко Спортиело останува позитивен на КОВИД-19 дури месец дена по првичната дијагноза, така што тој останува во карантин.
Според „Ла газета дело спорт“, тој нема сериозни симптоми на болеста, но сепак, е зачудувачки што му е потребно толку долго време за опоравување. Според весникот, ова е третпат тој да биде тестиран по првичната инфекција на 20 март – вториот тест се покажал како негативен, а третиот повторно позитивен.
Спортиело ќе продолжи да биде во карантин во неговиот дом во Урњано во близината на Бергамо, и нејасно е кога ќе може да се врати на тренинзи, иако се очекува клубовите од Серија А да продолжат со тренинзите на 4 мај.