Top Sport

Спортинг даде гол од половина терен за продолженија на „Емирати“, Рома одолеа во Шпанија

Спортинг Лисабон ќе игра продолженија против Арсенал на „Емирати“ откако одигра 1:1 во регуларниот тек, а Педро Гонкалвеш во 62.минута постигна спектакуларен гол од половина терен, откако успеа да го надмудри истрчаниот Арон Рамсдејл. Арсенaл поведе во првиот дел со голот на Гранит Џака во 19.минута.

Рома одолеа во Сан Себастијан и ремизираше без голови, а ја задржа предноста од првиот меч на „Олимпико“ (0:2) и патува во четврт-финалето на Лига Европа. Ројан Унион Сент Жил со 3:0 го победи Унион Берлин и оди во следната фаза. Теума, Лазаре Аамани и Лапусин беа стрелци на головите за домашниот тим.

Баер Леверкузен го совлада Ференцварош на гости со 0:2, со головите на Дијаби и на Адли.

Scroll to Top