Top Sport

Ајакс на лето ќе се обиде да го врати Хаким Зијеш од Челси

Холандскиот гигант Ајакс на лето ќе направи нов обид да го врати крилниот напаѓач Хаким Зијеш. Минатото лето клубот од Амстердам не успеа да ги договори условите со Челси за ангажман на Мароканецот, но раководството на холандскиот тим не се откажува во намерата.

Пред да се пресели во Челси за 40 милиони евра, Зијеч имаше одлична кариера во Ајакс каде помина четири години и забележа 165 настапи, постигнувајќи 49 гола и 81 асистенција. Тој во 2018 година беше прогласен за играч на сезоната во Ередивизие.

29-годишниот фудбалер е сè понезадоволен од статусот на резерва во тимот и речиси сигурно ќе побара трансфер во текот на летото, а со задоволство би се вратил во Ајакс.

Scroll to Top