Top Sport

Спортскиот директор на Тотенхем, Паратичи се повлече од позицијата

Тотенхем потврдија дека нивниот спортски директор, Фабио Паратичи се повлекува од својата позицијата, откако УЕФА потврди дека 30-месечната суспензија која тој ја доби од Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) во случајот против Јувентус, има глобално важење.

Паратичи беше дел од водството на Јуве, и заедно со поранешниот претседател Андреа Ањели и директорот Павел Недвед добија казни за вештачко кревање на вредноста на нивните фудбалери. Ова е втор удар за Тотенхем по заминувањето на менаџерот Антонио Конте минатата недела.

Според „Атлетик“, Паратичи се сретнал со фудбалерите на Тотенхем во петокот за да ги информира за ситуацијата, пред да се дојде до одлука тој да се повлече од позицијата на 19 април, кога треба да се донесе одлука за неговата жалба во случајот.

Scroll to Top