Top Sport

Србија ќе добие стадион од 257.000.000 евра

Српското министерство за градежништво, инфраструктура и сообраќај и Урбанистичкиот завод на Белград го претставија изгледот на новиот национален стадион, кој најверојатно ќе го носи името Србија.

На промоцијата, од ресорното министерство, не го прецизирале датумот кога ќе започнат градежните работи, туку само информирале дека националниот стадион ќе се гради во белградската општина Сурчин, дека за неговата изграба ќе бидат потрошени 257.000.000 евра. Стадионот ќе биде со капацитет од 52.000 седишта.

Комплетните градежни работи би требало да завршат најдоцна до 2025 година.

Дел од комплексот ќе бидат фудбалската академија и музејот на Фудбалскиот сојуз на Србија.

Scroll to Top