Top Sport

Србија на Пикси дебитираше со победа, Словенците подобри од Хрватска, Украинците со реми во Париз

Србија во првиот меч со Драган Стојковиќ-Пикси како селектор, стигна до камбек 3:2 победа над Ирска, благодарение на Душан Тадиќ и Александар Митровиќ, додека во соседската пресметка, Словенија со 1:0 ја шокираше Хрватска. Актуелниот светски шампион, Франција немаше најдобар старт откако одиграа дома со Украина 1:1, додека фантастичната Белгија се врати за 3:1 победа над Велс.

На „Рајко Митиќ“ во Белград, Ирска успеа да стигне до водство во 18. минута преку Алан Браун, пред Душан Влаховиќ да израмни во 40. минута. „Џокерот“ на Пикси беше напаѓачот на Фулам, Александар Митровиќ, кој по влегувањето во игра во 63. минута постигна два гола во 69. и 75. минута за комплетен пресврт. Џејмс Колинс во 86. минута намали на 3:2 за да ги направи последните минути многу интересни. Во Љубљана пак, Словенија, со голот на Санди Ловрич уште во 15. минута, стигна до импресивна 1:0 победа над светскиот вицешампион Хрватска.

На „Паркот на принцовите“, Франција поведе со фантастичниот гол на Антоан Гризман во 19. минута од мечот, но Украинците израмнија со автоголот на Кимпембе во во 57. минута. Белгија губеше од Велс по само десет минути игра, но Кевин де Брујне прво израмни со фантастичен удар, пред Торген Азар да ги донесе „ѓаволите“ во водство пред крајот на првото полувреме. Ромелу Лукаку од пенал во 73. минута ги постави конечните 3:1

СП 2022, КВАЛИФИКАЦИИ

ГРУПА А

Португалија – Азербејџан 1:0

Србија – Ирска 3:2

ГРУПА Д

Финска – Босна и Херцеговина 2:2

Франција – Украина 1:1

ГРУПА Е

Белгија – Велс 3:1

Естонија – Чешка 2:6

ГРУПА Г

Турција – Холандија 4:2

Летонија – Црна Гора 1:1

Гибралтар – Норвешка 0:3

ГРУПА Х

Словенија – Хрватска 1:0

Кипар – Словачка 0:0

Малта – Русија 1:3

СРБИЈА – ИРСКА

СЛОВЕНИЈА – ХРВАТСКА

ФРАНЦИЈА – УКРАИНА

БЕЛГИЈА – ВЕЛС

ПОРТУГАЛИЈА – АЗЕРБЕЈЏАН

ГИБРАЛТАР – НОРВЕШКА

Scroll to Top